Скијорката Ана Цветановска оствари огромен успех за македонскиот скиjачки спорт, испишувајќи историја со освоените први бодови во натпреварите од Светскиот куп.
Првпат во историјата на скијачките натпреварувања македонска претставничка дојде до бодови во Светскиот куп кој се одржа изминатиот викенд во швајцарски Давос.
Младата и надежна Цветановска освои 18 бодови во нордиско скијање, со што ја издигна Македонија на 22 место на светската ранг листа.
„Две добри трки зад мене изминатиов викенд во Давос, и ги освоив првите точки за нордиското скијање во Македонија од постоењето. Продолжувам со напорни тренинзи за уште поголеми успеси“, изјави Цветановска.