Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска во Струмица ќе има работна средба со претставници на поголемите извозни компании на градинарски производи и на земјоделските здруженија во Македонија.
Тема на состанокот, како што соопшти МЗШВ, е моменталната состојба со извозот на градинарските производи.