Цветков на закројување лоза во „Тиквеш“, посака добар принос и квалитетно грозје

цветков

Како и секоја година и оваа година проблеми. Затоа сме ние тука да ги решаваме, како министерство, како држава, како Влада, сите да се сплотиме и да го направиме тоа што треба да го направиме во лозарството. Да ги примениме сите агротехнички мерки, да закроиме така за да добиеме што поквалитетен род, имајќи предвид дека во нашето окружување,  а и во светот каде што ние тежнееме да го извезуваме  нашето вино, се бара квалитет, рече министерот.

Тој нагласи дека за да се направи квалитетно вино, потребно е квалитетно грозје. – Во тој правец ние како Министерство ги преземаме сите мерки за лозарите да произведат грозје од кое што може да се нпарави квалитетно вино. Во тој правец еве имаме доставено барање до Антикорупциска комисија да ни одобри еден проект каде што ќе имаме демо фарми или демо лозови насади, каде што ние како Министерство ќе ги сносиме сите трошоци за да им покажеме на лозарите што е она што треба да се направи како агротехнички мерки, за да се добие еден квалитет, додаде Цветков.

Запрашан за процентот на мрзнење кај лозјата како последица на пролетниот мраз, тој рече дека мрзнење има, но се уште не може точно да се каже колку и оти има комисии кои ќе направат проценка. – Ние земјоделците никогаш не сме ги оставиле да бидат необештетени во однос на вакви временски неприлики, така да тоа ќе го направиме и сега, нагласи тој.

На новинарско прашање, тој ја искоментира и одлуката на хрватската Влада дека од 1 јануари 2017 година на секое вино што ќе се увезе во Хрватска минимум 32 дена ќе му се врши испитување, до 45 дена.

Тоа според мене е недозволиво. Во тој правец јас вчера ја повикав амбасадорката на Хрватска, имавме разговор, сериозно и укажав на овој проблем имајќи предвид дека ние во Еврпската Унија имаме една слободна квота каде што без царина имаме право на извоз, Хрватска е дел од Европската Унија. Тоа прашање ќе го покренеме на највисоко ниво. Прво направив еден разговор со амбасадорката и укажав на проблемите,  таа во најскоро време ќе не извести што ќе преземат како Влада, но секако дека се надевам дека ќе најдеме решение, одговори министерот.