По повод патрониот празник на општина Кисела Вода, Ѓурѓовден, денеска ќе биде организирана свеченост во чии рамки се опфатени повеќе активности.
Во 11 часот е предвидено цветно дефиле на дечињата од градинките и основците, кое ќе започне во 11 часот на крстосницата на улицата Народни Херои и булеварот Борис Трајковски и ќе продолжи со приредба во паркот Шопен во 12 часот.
Во попладневните часови, со почеток во 18 часот, ќе се одржи концерт на Културно Уметничките Друштва од општина Кисела Вода.