Сениорскиот и младинскиот репрезентативец на Македонија, Давид Бабунски го искористи својот официјален профил на познатата социјална мрежа „Фејсбук“, за јавно да ги нападне раководните структури во Фудбалската федерација на Македонија, за како што вели, несоодветната организација и патување на нашата млада репрезентација од Португалија по квалификацискиот дуел за ЕП 2015.
„ФФМ: Моите соиграчи од селекција до 21 се уште патуваат да се вратат дома. Тргнаа од хотелот од Португалија во 9:30 наутро сабајле и моментално се наоѓаат во Франкфурт чекајќи авион за Љубљана за да стигнат во Скопје во 1:30 наутро. Дали се ова подобрите услови што ги ветивте? Дали вие искрено сакате фудбалот во Македонија да напредне? Срамото. А немој со тоа дека немало пари, сите знаеме кај се парите. А, ако не сакате да ги извадите, јас сум способен да одвојам од мојата плата и да вложам за македонскиот фудбал, само кажете зашто јас навистина сакам да тргнеме нагоре. Пред натпревар патуваме саат време до стадион. И ние треба да излеземе на терен да браниме едно знаме и целиот македонски народ што не’ поддржува. Незнам колку ви е вас тоа важно или дали воопшто ви е гајле, ама ние за нив трчаме“ , напиша Бабунски од својот Фејсбук профил.