Професорот и доктор на Клиниката за токсикологија Нико Беќаровски повикувајќи се на научна студија, преку Фејсбук советува граѓаните да се вакцинираат бидејќи речиси 90 отсто новозаразени во Велика Британија од индискиот сој не биле имунизирани.
„ 88 отсто од новозаразените во Британија од индискиот Делта сој, не се вакцинирани. 99 отсто од моментално хоспитализираните во Британија не се вакцинирани. (AstraZeneca & Pfizer) 84 отсто од новозаразените со индискиот Делта сој, во Сејшели и Емиратите не се вакцинирани (Sinovac&Sinopharm)
Ризикот за смрт во првите шест постковид месеци е 7 пати поголем, за развој на хронични белодробни болести 27 пати, мозочен и срцев удар 8 пати, дијабет 4 пати“, напиша докторот на Фејсбук.