Д-р Беќаровски: Денес дознав дека скафандерот може да служи и контаминирано лице да шета низ здрава средина

Откако денеска во Собранието, пратениците на владејачката коалиција, Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ и покрај тоа што се заразени од ковид-19 дојдоа во Собранието за да гласаат облечени во скафандер, реагираше и доктор Нико Беќаровски.

-Мене ме учеа дека медицинскиот скафандер служи здраво лице безбедно да влезе и излезе од контаминирана средина.

Денес дознав дека можел да служи и контаминирано лице да шета низ здрава средина.

Замислете утре преку 20.000 да се рашетаат низ градов, ќе личиме на вселенска станица, напиша доктрот на својот профил.