Д-р Беќаровски: Кога на 19 јануари ќе Ви требаат белите мантили, а не црните мантии, ние ќе се „бањаме“

Професорот д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија на социјалната мрежа „Фејсбук“ упати жестока реакција поради вчерашното причестувањето на православните верници за празникот Божиќ, што е потенцијален ризик за ширење на корона вирусот.

– Сите вие кои вчера со едно исто лажиче по храмовите се причестивте, десетмесечниот деноноќен труд на белите мантили го обесчестивте. Кога на 19 јануари ќе Ви требаат белите мантили, а не црните мантии, ние ќе се “бањаме” за да симнеме дел од потта под скафандерите и талкот под ноктите – напиша д-р Беќаровски.

Тој додаде дека во ваков случај подобро е да се отворат кафеаните, бидејќи таму барем даваат едно лажиче за еден гостин.