16.8 C
Skopje
петок, мај 10, 2024

Д-р Даниловски: Стивнува епидемијата на коронавирусот, пикот помина на 23 јануари

Епидемиологот д-р Драган Даниловски во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека пикот на бројот на случаи од ковид-19 поминал на 23-24 јануари, додека пак на смртните случаи бил на 3-ти февруари.

-Опаѓа и бројот на хоспитализации, сето тоа зборува дека полека стивнува епидемијата на коронавирусот кај нас. Имаме еден континуиран тренд на опаѓање, вели Даниловски.