Д-р Илир Љума до Филипче: Небулоза е дека вакцината дава посилен имунитет

Лекарот од Тетово и поранешен заменик министер за здравство Илир Љума во разговор за МКД ја искоментира изјавата на министерот за здравство Венко Филипче кога вели дека вакцинираните создаваат посилен и потраен имунитет од прележаните од болеста.

-Тоа е небулоза, таквиот став не е базиран на научни докази. Имунологијата вели дека имунитет се создава преку прележување на вирусна инфекција и дека имунитетот трае или до една година, или може да трае и доживотно, зависно од видот на вирусот.

Ќе дадам само еден практичен пример: крвната плазма нели, се применува во лекување на болните. Плазмата се зема само од прележани лица од Ковид-19. Дали се зема крвна плазма од вакцинирани лица? Не.

Ете цврст доказ за Комисијата за заразни болести дека грешат. А, прележаните лица треба да се вакцинираат против коронавирусот дури откако ќе им падне имунитетот, а не и тогаш кога тестот покажува дека имаат висок имунитетот на овој вирус, вели Љума.