Д-р Несторовиќ: Поголеми се шансите да добиете тумор, отколку коронавирус

Докторот Бранимир Несторовиќ откако почна пандемијата стана познат по изјавите кои често не беа во склад со мислењето на останатите експерти.

Сега гостувајќи во емисијата „Ќирилица“ на Хепи телевизија изненади со нова изјава.

-Во моментов поголеми се шансите да добиете тумор отколку корона. Во денешно време луѓето се под стрес, а тоа многу влијае на имунитетот, организмот слабее. Меѓутоа, вирусот не е единственото нешто од што може да заболите, би рекол дека поголема е можноста сега да се добие ракј. Статистиката вели дека оваа година 200.000 луѓе помалку починале од рак. Интересно е што таа бројка влегла во лицата што починале од корона, така што починатите со малигнитет кои заболеле од корона се сметаат за починати од Ковид 19 – рекол Несторовиќ.

Тој дал мислење и за новиот вид на коронавирус кој доаѓа од Велика Британија.

-Мислам дека тука е вмешана политиката, затоа што Борис Џонсон пред некој ден имаше непријатен разговор со Ангела Меркел. Оттаму мислам дека се појави новиот вид – објасни Несторовиќ.