Д-р Никола Пановски смета дека се апсурдни последните мерки на Владата за влез во ресторани или на настани каде што има повеќе од 30 лица затоа што ако денеска примите втора доза од било која вакцина, ќе добиете сертификат и ќе можете слободно да влезете било каде, но ако сте вакцинирани со Фајзер, имунитет ќе добиете по еден месец и половина, а ако сте вакцинирани со кинеска вакцина, имунитетот ќе го добиете дури по три месеци.
Во меѓувреме, вие сте незаштитен исто као и невакцинирните, вели д-р Пановски.
– Мерката да не се собираат во затворен простор требаше да постои цело време. Иако задоцнета таа мерка е добра, не требаше да се дозволи собирања и свадби. Останатите мерки, како сертификати немаат никаква врска со епидемиологија и медицина. Ако овие седум дена се вакцинирате со прва доза, можете да одите каде сакате, но имунитет ќе добиете по 3 месеци, ако е кинеска или месец и пол ако е Фајзер. Тоа е начин луѓето да се натераат да се вакцинираат – вели Никола Пановски за Канал 5 коментирајќи ги мерките на Владата во врска со пандемијата.