Д-р Николов: Филипче да ги примени предлог мерките во пресрет на есента, потребна е масовна вакцинација и процесот да не запре

Секојдневните апели дека недостасуваат вакцини потврдуваат дека практично ние бараме односно ја нагласуваме потребата од вакцина. Барањето за вакцинација и апелите за да се обезбеди доволно количество на вакцини не беа само од централната здравствена комисија, туку и од високото раководство на партијата, претседателот, потпретседателите итн, вели доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во Жешко политичко лето на ТВ Канал 5.

Николов истакна дека масовната вакцинација во државата започнала од пред 5 дена, нагласувајќи дека тогаш стигнале првите купени вакцини, за разлика претходно се вакцинирало со донации од другите држави.

Ние сите сме запознаени што може да ни се случи доколку процесот се задоцни и се забави, а сведоци сме дека е забавен заради тоа што вакцинацијата масовна започна од пред 5 до 7 дена кога ги добивме првите купени вакцини, а претходно бевме вакцинирани со донации, вели Николов.

Доктор Николов порача дека здравствената комисија на ВМРО-ДПМНЕ доставила 15 предлози, бидејќи како што рече тој наместо да се корегираме ние со секој наред бран на пандемијата сме се полоши и полоши.

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ пред една недела достави конкретни 15 предлог мерки за да се заштитиме од евентуалниот четврт бран кој што доаѓа и во Европа и секаде во светот. Тие предлог мерки се доставени и до јавноста, се доставени и до министерот и се состојат од конкретни прво предлози и точки кои што тврдат што не смее да ни се повтори, затоа што имавме втор и трет бран со голема смртност, министерот за здравство збореше дека кога ќе го поминеме првиот бран за вториот ќе бидеме многу спремни, излезе да имаме 1500 починати од првиот бран, а кога ќе дојде третиот бран ќе бидеме уште поспремни. Но, како доаѓаат новите бранови ние сме полоши и полоши, значи наместо да се корегираме и да учиме од она сопствено искуство ние стануваме се полоши, и тоа треба да се отстрани, порача Николов.

На прашањето што би направил тој да е на местото на Венко Филипче, Николов рече:

После третиот бран требаше да почне да се реновира Инфективна клиника, шајка не е закована од кога е завршен третиот бран. Требаше да се почне со реновирање и да се отклонат сите слабости од сите оние слаби точки или Ковид центри каде што имаше дисфункционалност. Тоа требаше веднаш да се започне, истакна тој.

Втора работа и многу едноставна, цел свет ги подели земјите во светот ве и Европа тоа ги прави на зелени земји, портокалови и црвени земји. Луѓето кои што патуваат во Африка за да стигнат и да се вратат во Франција треба да покажат ПЦР тест пред за да влезат во Франција, треба да покажат дека се вакцинирани и задолжително одат во изолација. Значи тоа се оние луѓе кои што доаѓаат од црвените земји. Ние секојдневно имаме по два лета од земја која што е обележана со портокалова зона, оттаму ни доаѓаат новите пациенти кои што се со Делта сојот, доаѓаат влегуваат во земја, а нема никаква контрола, ниту никакво барање за тие луѓе, ниту никакви препораки што да направат во случајот на симптоми, каде да се обратат, и како да се лекуваат.