Наредба за напуштање на канцеларијата на Клиниката за кардиологија е испратена до проф. д-р Сашо Јовев, кардихирург од светски глас, познат по тоа што го предводеше тимот што ги изврши првите трансплантации на срце во Македонија. Тој во јуни беше разрешен од функцијата директор на Државна кардиохирургија, а таквата одлука ја донесе министерот за здравство Фатмир Меџити, со изговор дека д-р Јовев дежурал двапати без согласност од министерот. Кога беше донесена ваквата одлука Јовев бил на боледување. Вели дека освен партиски побуди, други причини за одлуката нема бидејќи резултатите од работата самите по себе говорат.
Сега нова Наредба испратена на 10 август. На д-р Јовев му е дадена наредба до понеделник да ја напушти канцеларијата или во спротивно ќе бидат преземени други мерки. Наредбата е потпишана од новиот в.д. медицински директор, Марјан Шокаровски.
И заменик-министерката за здравство д-р Маја Манолева, беше контра министерот Фатмир Меџити за разрешувањето на кардиохирургот Сашко Јовев.
-Не се соогласувам ниту со одлуката за разрешување, ниту пак со начинот на кој беше разрешен. Сите одлуки треба да се базираат на факти и аргументи. И како човек и како носител на јавна функција, дотолку повеќе што не ги знам причините за разрешувањето на професорот Јовев“, рече во јуни доктор Манолева.