Дјурант со рекорд во Детроит во победата на Нетс

Кевин Дјурант постигна 51 кош во гостинската победа на Бркулнин Нетс со 116:104 над Детроит Пистонс, нанесувајќи им го 12-от последователен пораз.

Остварувањето на Дјурант го урдна рекордто на „Литл Сизарс Арена“ кој досега со 50 коша го држеше поранешниот играч на Пистонс, Блејк Грифин, сега член токму на Нетс. Дрјурант на 51 кош додаде и 9 асистенции и 7 скокови, а Нетс ја впишаа третата победа во последните четири натпревари.

Пети Милс додаде 18 коша и 5 асистенции а Ламаркус Олдриџ 15 поени за Нетс. Детроит ги предводеше Кејд Канингем со 26 коша, 8 скокови, 6 асистенции и 3 блока.

Лос Анџелес Лејкерс на домашен паркет со 106.94 ги надиграа Олрандо Меџикс, а Леброн Џејмс додаде 30 коша со 11 скокови и 10 асисетнции. За Џејмс ова е 101-ви „трипл-дабл“ во кариерата.

Расел Вестбрук и Тејлен Хортон-Такер додадоа за Лејкерс по 19 поени, а кај Орландо најдобар беше Кол Ентони со 21 кош, додека Франц Вагенер го следеше со 20 поени.

Далас Маверикс на гостувањето со 103:84 беа подобри од Оклахома Сити Тандерс, а ги предводеше Џејлен Брансон со 18 поени. За Тандерс ова е 12-от пораз во последните 15 натпревари.

Сант Антониот Спарс на свој терен со 112:97 ги победија Њу Орлеанс Пеликанс, а победата им ја обезбедија Џејкоб Поелти и Дерик Вајт со по 24 постигнати коша.

Минесота Тимберволфс на гости со 116:111 ги совладаа Портладн Трејл Белјзерс, а Ентони Едвардс уфрли 24 поени за прекинување на серијата од петте порази на својот тим. Карл-Ентони Тоунс постигна 23 коша со 10 скокови за Волфс, додека Портланд ги предводеше Ангерни Сајмонс.

На паркетот се врати ѕвездата на Портланд, Демиен Лилард кој паузираше на последните пет натпревари порди повреда на абдоменот, а дуелот го заврши со 24 коша, 11 скокови и 6 асистенции.

Милвоки Бакс на гости со 112:97 ги победија Њујорк Никс, а ги водеше Крис Мидлтон со 24 поени, додека Јанис Адетокумбо додаде 20 поени со 11 асистенции и 10 скокови. Кај Никс најдобар беше Квентин Гримс со 27 коше од кои 7 „тројки“.

РЕЗУЛТАТИ

Оклахома Сити Тандерс – Далас Маверикс 84:103
Њујорк Никс – Милвоки Бакс 97:112
Детроит Пистонс – Бруклин Нетс 104:116
Сан Антонио Спарс – Њу Орлеанс Пеликанс 112:97
Портланд Трејл Блејзерс – Минесота Тимбервулфс 111:116
Лос Анџелес Лејкерс – Орландо Меџикс 106:94

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

АТЛАНТСКА ДИВИЗИЈА
1. Бруклин Нетс 19 8 .704 –
2. Филаделфија 76ерс 15 12 .556 4
3. Бостон Селтикс 13 14 .481 6
4. Торонто Репторс 12 14 .462 6 1/2
5. Њујорк Никс 12 15 .444 7

ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА
1. Милвоки Бакс 18 10 ,643 –
2. Чикаго Булс 17 10 .630 0 1/2
3. Кливленд Кавалирс 16 12 .571 2
4. Индијана Пејсерс 12 16 .429 6
5. Детроит Пистонс 4 22 .154 13

ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА
1. Мајами Хитс 16 11 ,593 –
2. Вашингтон Визардс 15 12 .556 1
3. Шарлот Хорнетс 15 13 .536 1 1/2
4. Атланта Хокс 13 13 .500 2 1/2
5. Орландо Меџикс 5 23 .179 11 1/2

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА
1. Феникс Санс 21 4 .840 –
2. Голден Стејт Вориорс 21 5 .808 0 1/2
3. Лос Анџелес Клиперс 15 12 .556 7
4. Лос Анџелес Лејкерс 15 13 .536 7 1/2
5. Сакраменто Кингс 11 16 .407 11

ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Мемфис Гризлис 16 11 .593 –
2. Далас Маверикс 13 13 .500 2 1/2
3. Сан Антонио Спарс 10 16 .385 5 1/2
4. Хјустон Рокетс 8 18 .308 7 1/2
5. Њу Орлеанс Пеликанс 8 21 .276 9

СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Јута Џез 19 7 .731 –
2. Денвер Нагетс 13 13 .500 6
3. Минесота Тимбервулфс 12 15 .444 7 1/2
4. Портланд Трејл Блејзерс 11 16 .407 8 1/2
5. Оклахома Сити Тандер 8 18 .308 11