
Поради студеното и облачно време, денеска, на Денот на шегата и местените лаги низ центарот на градот продефилираа помал број маски во однос на минатите години.
Меѓутоа најмалите и најслатките кои дојдоа, се дружеа, пееја, танцуваа и ги покажаа своите маски.
Принцеза, пепрутка, Буба Мара, пират, Нинџа Желка се дел од маските за кои дечињата се одлучија за годинешниот Маскембал, а секако и овој пат една од најактуелните маски беше човекот пајак „Спајдермен“.
Манифестацијата „Априлијада 2015“ која оваа година се одржува на плоштадот „Пела“, пред „Порта“ Македонија традиционално е во организација на ДКЦ „Карпош“ и Градот Скопје и се одвива под мотото „Скопје се смее“.
Погледнете дел од маските: