-Да беше хемофилтрацијата 500 денари, немаше да се жалите, изјави министерот за здравство, Беким Сали, на денешната прес-конференција во врска со објавената сторијата на ИРЛ за Клиниката „Жан Митрев“.
-Вашата жалба не е од медицински аспект, туку од финансиски аспект. Имате за тоа Финансиска полиција. Ако жалбата е во износот на парите, ние овде сметаме дека здравјето не познава финансии. Да беше хемофилтрацијата 500 денари, немаше да се жалите. Значи, не е така. Антибиотиците кои масовно се користеа, исто така оставија последици. Тек сега се справуваме со пост-ковид последици. Во овие случаи не може да гледате само од финансиски аспект. Ниту еден министер, доктор… не може да каже дека во ковид кризата нешто се правело врз основа на докази. Се што се правеше е врз основа на искуства од минатото, вирусот е нов и никој не е сигурен што прави. Барам да бидеме коректни – рече Сали.