Да беше Исус жив, денес Западот ќе го ставеше во затвор, вели католички кардинал

Кардиналот Герхард Лудвиг Милер, во интервју на „ГБ њуз“ изјави дека денес на Запад, Исус би бил испратен во затвор.

Според кардиналот, Исус веројатно би завршил во затвор Запад поради афирмација за биолошкиот пол на луѓето и традиционалниот брак.

-Исус е идеолошки против овие методи кои треба да го релативизираат, па дури и да го уништат бракот на маж и жена, како и семејството на родители со сопствените деца, изјави германскиот кардинал.