Општина Ѓорче Петров во соработка со Д.Мед како општествено одговорна компанија, организира хуманитарен настан во паркот во Ѓорче Петров со цел собирање средства за Дамјан, на кој му е неопходна нашата помош за да го врати слухот и да му се радува на светот подеднакво како сите дечиња.
На настанот ќе има бројни спортски активности, детска лабораторија, креативна работилница, како и други детски содржини, кои ќе го збогатат настанот и ќе придонесат за анимација на сите присутни.
Сакаме да изразиме огромна благодарност до Д.Мед, кои покажаа емпатија и голема желба за реализација на овој настан, кој пред се од човечки аспект е навистина важен во овој момент.
Хуманитарниот настан ќе се одржи во сабота (08.06.2024) во 11 часот во реонскиот парк во Ѓорче Петров.
Телефони за донација за Дамјан
Т-Мобиле 143-183
А1 143-888
Ве очекуваме во голем број и заедно да му помогнеме на Дамјан!