Да им помогнеме на децата со говорни проблеми!

Да им помогнеме на децата со говорни проблеми!
Да им помогнеме на децата со говорни проблеми!

Здружението “Интеракција плус” од Скопје од 5 мај до 5 јуни 2016 година започнува нова голема акција и кампања која ќе се реализира под мотото “Да им помогнеме на децата со говорни проблеми”.

За таа цел, во текот на наредниот период од точно еден месец, тим од логопеди и дефектолози секојдневно ќе вршат бесплатни прегледи на децата кои имаат говорни нарушувања, потешкотии и проблеми, но и консултации со нивните родители и закажувања на неопходните вежби и третмани.

Пристапот и третманот е исклучиво индивидуален, а целта е да се помогне на време и во Република Македонија на секое дете посебно и да има што е можно помал број деца со говорни проблеми.

Прегледите и третманите ги вршат дипломирани логопеди и дефектолози во Логопедско-дефектолошкиот центар “Интеракција плус”, кој се наоѓа во непосредна близина на Универзалната сала во Скопје.

За повеќе информации, закажувања и контакти граѓаните можат да се јавуваат кај дипломираниот логопед и дефектолог Ана Петреска, тел. (078)245484 и (071) 973362, како и на мејлот: [email protected]