Да не дозволиме Македонија да стане ново Косово

Порталот Плуснфо на Бранко Героски, под директна контрола на СДСМ, лиферуваше вест дека албанската дијаспора, Албанци од претежно од Швајцарија и од Германија доаѓаат со авиони за да гласаат во недела, јасно нагласувајќи дека ќе гласаат во полза на СДСМ.
plusinfo

Порталот Плуснфо на Бранко Героски, под директна контрола на СДСМ, лиферуваше вест дека албанската дијаспора, Албанци од претежно од Швајцарија и од Германија доаѓаат со авиони за да гласаат во недела, јасно нагласувајќи дека ќе гласаат во полза на СДСМ. Токму во Швајцарија Заев многу прецизно го даде ветувањето за двојазичност, одењето преку рамковниот договор и за кантонизација на државата по швајцарскиот модел на државно уредување.


Токму пред албанската дијаспора, настап кој СДСМ се обиде да ја сокрие. Но, видеото кое беше споделено од неговото обраќање ги потврди неговите планови и новата трговија на СДСМ со македонска територија во замена за гласови од албанските радикали. Пред тој настап, трговијата на СДСМ ја открија и новата партија БЕСА и предводникот на албанската дијаспора, Љамалари. Од БЕСА потврдија дека било разговарано за редефинирање на државата, додека Љамалари посочува дека неговото барање за федерализација го претставил на Заев и на Шекеринска на средбата во СДСМ.

Љамалари во поддготовка за помош на својот, како го нарекува Заев „Месија и Спасител“, организирал групи на Албанци од Косово и од дијаспората, кои со патни исправи издадени од МВР под раководство на генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, се очекува да допатуваат и да гласаат за федерализацијата која што им ја вети Заев.

Денес, на два дена пред изборите, на Заев и на СДСМ, соочени со изборен дебакл и огромен пораз од македонските граѓани, им остана да се надеваат единствено на гласовите на радикалните Албанци кои се всушност гласови за федерализација на Македонија  претворање на дел на Македонија во ново Косово.