Да не се палат коледарски огнови поради загадувањето, повикуваат екологистите

Утре е Бадник, ден пред Божик, а според традицијата, вечерва, се палат коледарски огнови во секое маало. Но, годинава поради енормното аерозагадување, еко-активистите повикаа да не се палат овие огнови со цел да не се зголеми и онака големото загадување во овој период од годината.

-Најмалку што можеме да направиме за природата е да се послушаме себе си, и да го победиме паганот во секој од нас ! Не затоа што ние имаме било што против традиционалното празнување, туку затоа што со палење на коледарски оган, само дополнително ќе ја влошиме состојбата со загадувањето на амбиенталниот воздух кој и онака нема кој да го измери! Кога државниот апарат покажува очајна немоќ и кога градот нема слух за системско решение на проблемот со загадувањето, мораме сами со сопствената свест да покажеме дека самите себе си, сме си луѓе и за себе и своите најблиски го посакуваме најдоброто, велат од едно велешно еколошко друштво.

– На Коледе не ни требаат коледарски огнови. Бидејќи здравјето на сите е поважно од паганските обичаи! – велат еко-активистите.