Оливер Спасовски, човекот кој речиси седин години е нна чело на прв човек на Министерството за внатрешни работи, човекот кому му се случија десетици скандали и овојпат молчи и се крие од одговорност за случајот со дивеењето на синот на неговиот заменик Назим Буши, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Веќе два дена Спасовски молчи и не одговара на прашањата кои ги интересира јавноста поврзани незаконските дела, брзо возење и возење со флешери, а потоа и ургенциите за пуштање на возилото мерцедес на синот на Назим Буши, Керим Буши. Нема одговори, зошто е пуштено возилото мерцедес, по ургенциите на началникот на СВР Скопје, Вулнет Аземи. И покрај тоа што имало потерница по скопските улици по возилото кое истото возело со флешери.
МВР и Спасовски не одговараат и на прашањето дали табличките со ознаката ‘СК-0202-АП’ сѐ уште постојат во системот на МВР. А, нема ни одговори зошто МВР сокрива дека возилото го возело синот на Назим Буши, кога за тоа постојат сведоци и докази.
Молчат и за сопственоста на возилото, кое во 2021 година Македонски телеком го дава возилото на Назим Буши, а сега истото возило е во сопственост на битолска компанија. Оваа компанија е сопственост на блиски роднини на заменик министерот на МВР, Буши.
Оливер Спасовски молчи заради тоа што се плаши дека ќе ја наруши коалиција СДС- ДУИ, коалицијата на криминал и корупција“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Заради функционирањето на криминалната коалиција, министерството за внатрешни се држи заложник. Оставки веднаш“, порачуваат од партијата.