Веќе подолго време ортопедите предупредуваат дека премногу седиме. Седиме на работното место, додека патуваме, пиеме кафе, за време на паузата, кога ќе дојдеме дома…
Според некои истражувања дури 11, 5 часа дневно ги поминуваме во седечка положба, што е речиси половина ден, а тоа се одразува и на нашето здравје.
Лекарите предупредуваат на фактот дерка човечкото тело не е конструирано за целодневно седење. Имено, во текот на долготрајното седење се забавува циркулацијата, па хранливите материи и кислородот потешко доаѓаат до ќелиите што резултира со забавување на целиот метаболизам. Со текот на времето тоа може да доведе до проблеми со циркулацијата и со нозете, до отекување, но и до покачување на телесната тежина и до појава на дијабетес.
Ако работното место не ви дозволува да станете, добро е одвреме на време да се потпрете со целиот грб на потпирачот. Притиснете го долниот дел од грбот, исправете се и стегнете ги мускулите на стомакот за да го поправите држењето. Можете да седнете исправено, да се потпрете со рацете на масата и да го истегнете ќрбетот со потпирање на масата како да имате намера да станете. Повремено добро е и да ја промените положбата на нозете, да ги затегнете стопалата за да ја поттикнете циркулацијата. Искористете ја секоја можност да станете од столчето и да направите еден или два чекори. Вашето тело ќе ви биде благодарно.
Рамниот грб и правилното држење го намалуваат притисокот врз срцето, белите дробови и желудникот, што делува поволно на нивната работа, но и на вашето тело и на умот. Неправилното седење влијае врз расположението, ставот, помнењето и способноста за донесување одлуки. Затоа е важно да знаете како седите и да ја корегирате положбата.Ако чувствувате дека ве боли грбот употребете го овој трик. Исправете го грбот и карлицата лесно турнете ја кон напред за да го намалите притисокот на лумбалниот дел од ’рбетот и пршлените. Кога веќе поради модерниот начин на живот неможеме да го избегнеме долготрајното седење, можеме барем да се потрудиме тоа да го правиме правилно.
Како треба да седите за да ги избегнете болките во грбот и нозете прочитајте на следната страница…