Да нема илузии дека учебната година ќе биде совршена, порача Царовска

Никој не треба да има илузија дека оваа учебна година ќе биде совршено организирана, рече во вчерашното гостување во емисијата „200“ на „Алсат“, министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Според Царовска, независно од постоењето на Националната платформа за онлајн образование, има и други фактори коишто се прадизвик за системот.

-Дали сите наставници имаат доволни дигитални вештини – не, дали сите ќе се снајдат веднаш – не, сѐ се тоа одговори коишто ни даваат за право да кажеме дека – да, сме направиле чекор плус во дигитализација на образованието и пристап до образование за децата, но дека ќе биде совршено не треба да има никој таква илузија, рече Царовска.