
Откако , бизнисмените од Стопанската комора на Северозападна Македонија се побунија.
Стопанската комора на северозападна Македонија бара одложување на спроведувањето на Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам, со кој се предвидува суми над 2.000 евра да не можат да се плаќаат во готово. Владата овој месец го намали прагот за плаќање во готово од 15.000 на 2.000 евра, а сè што е над оваа сума треба да се плати преку банка или штедилница. Според оваа комора, намалувањето на износот за плаќањето во готово му ја отежнува работата на стопанството во земјава.
Со оглед на сите овие факти, препорачуваме да се одложи спроведувањето на законот за неопределен рок, да се направи детална анализа како тој може да влијае во реалниот живот на сите, да се консултираат бизнисите за вакви чувствителни закони, бизнисот и економскиот систем во земјата, а не да се носат по брза постапка. Оваа примена на законот ќе ја отежне работата на бизнисот, зошто ќе го направи споро движењето на пари и стоки и ќе ги зголеми опреативните трошоци на бизнисот и ќе ги спречи граѓаните да трошат за одреден производ или услуга, рече Дрилон Исени, извршен директор на СКСЗМ.
Законот, според комората, ги исклучува организаторите на игрите на среќа кои не се обврзани нивните исплати кон клиентите да ги вршат преку банкарски сметки односно можат да работат со готови пари. Тоа, според комората, претставува опасност за перење пари. Проблематично според нив се и предвидените глоби доколку овие одредби не се почитуваат, а кои се движат од 5.000 до 30.000 евра.
Бараат плаќањето во кеш да биде дозволено на поголеми суми, а како пример ја наведоа Европската Унија, каде прагот е 10.000 евра.
Од јануари следната година во готовина ќе се плаќа до 1.000 евра, а од јуни износот ќе се намали на само 500. Оваа забрана важи за плаќањата кои ги прават и физичките, но и за правните лица. Плаќањето преку банка треба да ја намали сивата економија во земјава.