Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски говорејќи за престојните паралментарни посочи дека Изборниот законик е само парче хартија со кое се дефинираат правилата на игра, но она што е поважно за него е да се зборува за моралот и етиката кај политичарите.
-Идејата е изборниот законик е само парче хартија и според тој изборен законик вие ќе ги спроведете изборите ќе има недостатоци, ќе нема, генерално ги дефинира правилата на игра, но што е со моралот и етиката кај политичарите. Ајде да зборуваме малку за моралот и етиката, ајде да иновираме, вели тој.
Според Мицкоски најважно е да се пресликаат европските стандарди во Македонија, а тоа ќе се случи така што согласно европските пракси ќе се воведе кандидат за иден мандатар и токму тој ќе биде носите на кампањата која што политичките партии ќе ја спроведуваат.
-Мислам дека е многу важно тие европски стандарди да ги пресликаме во Македонија. Вие се сеќавате имаше Европски избори, не така одамна, повторно победи ЕНП и Европската народна партија имаше таканаречен шпицен кандидат, односно мандатар. Ајде да воведеме во Македонија, мандатар, односно носител на мандатот на идната Влада, мандатар кој што практично ќе биде носител на кампањата која што треба политичките партии да ја спроведуваат, додаде тој.
Ваквиот механизам кој претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го предлага да се вметне во Изборниот законик е дел од европските искуства.
-Мора да имате вие носител на мандатот, односно човек кој што утре ќе ја добие довербата од граѓаните да формира Влада или пак неговата понуда и неговите политики ќе бидат поразени. Зошто да не воведеме во Изборниот закони механизам кој што ќе биде по теркот на ЕНП и кој што беше дел од европските искуства на европските избори, шпицен кандидат, ние да го именуваме како кандидат за мандатар, односно носител на мандатот, забележа тој.
Ова менува многу потенцираше Мицкоски бидејќи оној чија политика ќе биде поразена од граѓаните веќе нема да може да се крие зад пратеничкиот мандат и зад имунитетот.
-Тоа менува многу затоа што Вие излегувате на избори, доживувате пораз и потоа се криете зад поратеничкиот мандат и позади имунитетот кој што го имате во Собранието, а вашата политика граѓаните ја поразиле. Ајде да бидеме честити, вели тој.