Да Силва победи на изборите во Бразил

Поранешниот бразилски претседател кандидат на Работничката партија, Луис Инасио Лула да Силва го победи досегашниот десничарски шеф на државата Жаир Болсонаро потесно отколку што се очекуваше, објави ноќта кон понеделникот изборната комисија.

На официјалната апликација, на којашто се објавуваат резултатите од пребројувањето на гласовите, беше објавено дека „резултатот (од изборите) е математички определен“.

Во неделата во Бразил се одржа вториот круг од претседателските избори и според резултатите по пребројувањето на 99,01 отсто од гласовите, Лула да Силва освоил 50,84 отсто, а Болсонаро 49,16 отсто од гласовите, потврди Врховниот суд на Бразил кој го спроведува изборниот процес.

Главниот слога на кампањата на Лула да Силва беше „вклучувањето на сиромашниот човек во буџетот“. Тој вели годишна индексација на платите над нивото на стапката на инфлацијата, зголемување на исплатите за сиромашните семејства и ревизија на даночната политика во полза на населението со ниски приходи, како и стимулации за вработување.

Покрај поголемата општествена Лула да Силва вети и поголема еколошка одговорност, повикувајќи се на растечкиот просперитет во неговиот претседателски мандат од 2003 до 2010 година, пред корупциските скандали да ја оцрнат неговата Работничка партија за што беше и суден.

Болсонаро, пак, вети дека ќе го консолидира острото завртување кон десно во бразилската политика по претседателскиот мандат кој беше одбележан со едно од најсмртоносното светско избувнување на пандемијата на Covid-19 и широко распространетото кршење на шумите во Амазонскиот басен.

Околу 120 милиони избирачи можеа да го дадат гласот и во електронските гласачки машини кои Болсонаро ги критикуваше како погодни за изборни измами, што предизвика загриженост дека можеби нема да го признае поразот. Тоа дополнително ги зајакна тензиите на најполаризираните избори во Бразил од неговото враќање на демократијата во 1985 година по воената диктатура против којашто Лула се бореше како поранешен синдикален лидер, а Болсонаро, поранешен висок воен офицер, беше носталгичен.