Лука можеби ќе беше жив ако возачот застанеше и ако го превезеше до болница, вели Марко Брцан, другар на починатото момче.
Возачот кој го усмрти Лука Јовановиќ возел со 100 километри на час. Кога го удрил несреќното момче, го фрлил на задниот дел на автомобилот, па продолжил да вози.
– Не знам како не видел дека четири момчиња од кои едното високо 2 метри туркале автомобил на улица. Мостот е осветлен и се се гледа како на писта, вели Марко.
Момчето додава дека било зад воланот кога Лука го туркал автомобилот од задната лева страна.
– Кога не удри мене ме фрли на другото седиште, а потоа слушнав како извика „Леле“ и избега, вели тој.