Жителите на Дабиле бараат оставка од Заев – Со години само ветува, но ништо од тоа

Жителите на Дабиле бараат оставка од Заев - Со години само ветува, но ништо од тоа

Граѓаните од населеното место Дабиле денес го искажаа своето незадоволство од работењето на градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, пишува „Курир“

-Тој со години ни ветува дека ќе изгради канализација во Дабиле, но од неа нема ништо. Решавањето на овој проблем е од големо значење за нас. Поради немањето на канализациона мрежа многу често септичките јами се излеваат, а низ целото населено место се шири неподнослива реа, а постои и опасност од појава на заразни болести. Но, градоначалникот Заев нема слух за нашите маки. Очигледно е дека тој повеќе не е заинтересиран за решавање на нашите проблеми ниту ги исполнува дадените ветувања. Жителите на Дабиле и цела општина Струмица заслужуваат градоначалник кој ќе биде посветен на работата и ќе ги решава проблемите на граѓаните, велат жителите на Дабиле.

Тие го повикаа Заев да си поднесе оставка и да се распишат вонредни локални избори. Жителите велат дека Заев им ветувал и игралиште, но и тоа ветување не го исполнил.