Дац ќе биде разрешен од директор на МНТ

Миистерството за внатрешни работи и сите останати органи ќе го истражат настанот детално и во најкраток можен рок ќе ги претстават информациите во јавноста. Секој мора да понесе одговорност согласно законите, лице кое сторило ваков тежок прекршок и довело во опасност друго лице не може да раководи со државна институција, посочи портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

Синоќа, во сообраќајка во Кисела Вода, директорот на МНТ, Драган Спасов Дац, пијан со автомобилот удри девојка, која за среќа поминала со полесни повреди.