Српскиот премиер Ивица Дачиќ дека најдоцна до јануари очекува Европскиот совет да ја потврди првата меѓувладина конференција меѓу Србија и ЕУ. Првиот човек на српската Влада истакна дека секоја друга одлука би била погрешна и би го забавила процесот на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.
„Генералната оценка е дека за оваа година и пол, колку што постои новата влада на Србија е остварен голем историски напредок. Во таа смисла ние ќе продолжиме со реформите и примената на Бриселскиот договор, но очекувам дека Европскиот совет ќе ја потврди својата одлука дека првата конференција ќе биде одржана, најдоцна до крајот на јануари”, изјавил Дачиќ по средбата со бугарскиот премиер Пламен Орешарски во Софија.
Меѓу другото, Дачиќ му се заблагодарил на Орешарски за поддршката која Бугарија и ја дава на Србија во европскиот пат и додал дека ја очекува нивната поддршка и во текот на следната недела, кога ќе се одржат главните состаноци во Брисел во врска со датумот на одржувањето на првата меѓувладина конференција меѓу Србија и ЕУ.
Состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ ќе бидат одржани на 16 и 17 декември во Брисел, а на 20 декември ќе биде одржан самитот на шефовите на државите и владите.