
Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ оценува дека ситуацијата во Босна и Херцеговина покажува колку мирот изграден во регионот е „кревка творба“ и колку малку е доволно да дојде до дестабилизација и порачал дека поради тоа е важно да се задржи политичката стабилност на Србија, но и на Република Српска.
„Бидејќи гледате дека тука не се само во прашање социјални протести, имате и одредени политички барања кои одат ккон тоа „еден човек еден глас“ тоа оди кон укинување на ентитетите, право на народ во БиХ, тоа отвора цел еден магичен круг, поради тоа беше и војната во БиХ“, вели Дачиќ во интервју за „Гласот на Америка“.
Дачиќ во тој контекст говори и за ситуацијата во Косово.
„Имате ситуација на апсење на Оливер Ивановиќ, на Еулекс му се намалува мандатот без согласност од Советот за безбедност на ОН, затоа треба да се чувате од инцидентни ситуации, една искра е доволно повторно да го запали пламенот на конфликти“, предупредува српскиот премиер.