Нема да има застој во дијалогот меѓу Белград и Приштина, изјавил премиерот на Србија, Ивица Дачиќ, пишува денеска српскиот весник „Вечерње новости“.
Дачиќ учествувал на Конференцијата за безбедност во Минхен, на која учествувал и високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, како и косовскиот премиер Хашим Тачи.
Тројцата разговарале за продолжувањето на дијалогот на 12 февруари.