Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ вели дека се надева дека по дополнителни разговори сепак ќе се постигне спогодба помеѓу ЕУ и Русија за изградбата на гасоводот Јужен тек.
Дачиќ по расправата за Западен Балкан во ЕП изјавил пред новинарите дека изградбата на гасоводот е мошне важна за Србија, затоа што не постои алтернативен парвец за снабдување со гас на земјата освен оној од Украина.
– Граѓаните на југоисточна Европа ги имаат истите права како и оние во средна и северна Европа кои направија сличен таков аранжман со Русија и бараме рамноправен третман, изјавил тој.
Србија, како што рече Дачиќ, повикува уште еднаш да се преиспита можноста за изградба на Јужен тек, затоа што досега беа вложени многу напори и труд за изградбата на овој проект и неможе да се откаже од тој алтернативен правец за снабдување со гас.