Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека е постигнат договор со руската компанија „Гаспром“ во однос на гаранцијата за „Јужен поток“, пренесуваат српските медиуми.
Според Дачиќ постигнат е договор гаранцијата да не се осигурува со државни пари, туку да се плаќа од таксите за трансфер на гас. На тој начин Србија нема да има потреба да подигне кредит во износ од 75 милиони евра за да ја покрие гаранцијата.