Дачиќ: не бараме победа над Косово

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека владата на Србија „не бара победа над Косово“, но оти Косово веќе не било „чедо на Соединетите држави“.

Тој во интервју за Радио телевизија Србија оцени дека решението треба да ги задоволи двете страни, бидејќи постои можност „Србија да не добие ништо ако направи блицкриг на северот на Косово“. „Тоа би значело судир со КФОР и НАТО, што би значело дека Србија би можело да ја повика Русија на помош. Тоа прашање сепак, нема да се решава на бојно поле“, изјави Дачиќ.