Вербалните препукувања меѓу Србија и Хрватска продолжија и денеска откако српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, изјави оти нема повеќе да реагира на зборовите на хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, освен, како што рече, не каже дека хрватската војска го ослободила Берлин заедно со Црвената армија.
Пленковиќ, жал ми е, не знам да ја пеам „Лили Марлен“ или „За дом спремни“ од Томпсон. А и на Вас, Хрватите, подобро е да останавте само на шлагери, му одговорил Дачиќ, откако Пленковиќ го нарече српскиот шеф на дипломатија „неусшешен шлагер пејач“.
Во изјава за Танјуг, Дачиќ истакна дека Пленковиќ секој ден ја напаѓа Србија бидејќи има потреба од непријатели за да го подобри својот рејтинг на анемичен политичар.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ очигледно нема ништо друго да прави, освен што секој ден ја напаѓа Србија, така што Хрватска денес е земја која е во кавга со Србија, Словенија, Босна и Херцеговина и Унгарија, со речиси сите соседи, изјави шефот на српската дипломатија.