По поднесената кривична пријава од страна на Министерството за внатрешни работи, Сектор за внатрешни работи – Скопје, во Основното јавно обвинителство – Скопје поведена е постапка против едно лице кое се сомничи дека малтретирало девет месечно бебе.
Пријавеното лице било ангажирано за чување и негување на деветмесечното бебе од родителите на детето. Наместо нега, осомниченото лице врз деветмесечното бебе применувало различни облици на малтретирање и грубо однесување.
По проучување на кривичната пријава и доказите, јавниот обвинител најде дека постои основано соменение за сторено кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 од Кривичниот законик, за кое е запретена казна затвор од една до десет години.
При тоа, донесена е Наредба за спроведување истражна постапка и до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесен е Предлог за определување на мерка – Притвор против осомниченото лице, поради постоење опасност од повторување на делото.
Дадилка тепа двегодишно дете и му ја зема храната
Една сурова дадилка снимена е како удира мало дете, му ја зема храната и ја јаде додека тој вели дека е гладен.
Мајката на момчето, Кристина Черил (33), поставила скриена камера во својот дом, откако забележала дека нејзините деца имаат многу модринки, а соседите ја предупредиле дека децата постојано плачат кога се со дадилката.
Камерата ја снимила 25 годишната Ева Мантарас, како злоставува двегодишно дете. Така на снимката се гледа како малото момче седи на масата, подготвено да ја јаде појадокот, а таа како го удира, а потоа и му ја зема храмата и ја јаде пред него. Овој немил настан се случил во аргентинскиот град, Парана.
„Секогаш мислевме дека е малку мрзелива, но никогаш не помисливме дека е насилна. Таа му ја украла храната на мојот син и уште го удира кога и вели дека е гладен. Болна е“, вели Черил.
Дадилката е обвинета за напад и злоставување на деца.