
Бразилскиот интернационалец од редовите на Шахтјор Доњецк, Даглас Коста е пред потпис со Баерн Минхен.
Според медиумите во Германија, Бразилецот веќе ги договорил личните услови со “баварците”, а се очекува по завршувањето на Копа Америка трансферот да биде и официјализиран. Сумата која Баерн ќе ја плати за Коста ќе биде околу 35 милиони евра, со што репрезентативецот на “кариоките” ќе направи четврти најскап трансфер во историјата на Бундес-лигата.
Тренерот Пеп Гвардиола одлучи да се активира на трансфер – пазарот откако пристигна информација дека Французинот Франк Рибери најверојатно ќе мора да ја заврши кариерата поради хроничната повреда на скочниот зглоб. Даглас Коста е играч за врска со исклучителна техника и совршен преглед на играта.