Daimler се согласи на Nokia да ѝ плати за користење патенти

Германскиот производител на возила „Daimler“ се согласил на финската мултинационална телекомуникациско-информатичка компанија „Nokia“ да ѝ плати за коритење на нејзините патенти, со што е ставен крај на правната битка за тантиемите за клучните технологии.

„Nokia“, која секоја година има 1,4 милијарди евра приходи од лиценци, со „Daimler“ последните години се тужи пред германските судови со различен успех. Но двете компании соопштија дека постигнале договор за лиценцирање на патентите и дека ќе ги запрат судските парници.

Според договорот, „Nokia“ му ја дава на „Daimler“ лиценцата за мобилната телекомуникациска технологија и за возврат прима надоместоци, соопштија компаниите во заедничкото соопштение. Германскиот произведувач на автомобили досега никогаш не ѝ платил за користењето на нејзините патенти.

Другите автомобилски гиганти, како „Audi“, „Bentley“, „BMW“, „Mini“, „Porsche“, „Rolls Royce“, „Seat“, „Škoda“, „Volkswagen“ и „Volvo“ веќе ѝ плаќаат на „Nokia“ за нејзините патенти.

„Го поздравуваме договорот од економски аспект и затоа што сакаме да избегнеме долготрајни спорови“, изјави портпаролката на „Daimler“.

Финската технолошката компанија скаа производителите на автомобилите плажаат тантиеми за технологиите кои се користат во навигациските системи, комуникациските возила и самонаведуваните автомобили, додека автомобилските компании сметаат дека нивните добавувачи треба да плаќаат наместо нив, а тоа би можело да се намалат надоместоците за носителите на патентите.

Договор кој го во вторникот го најави заедно со „Daimler“, значи најнова победа за „Nokia“ која во април успеа да склучи договор и со кинески „Lenovо“. Според тој договор, најголемиотт светски произведувач на преносни компјутери ќе му плати на финскиот произведувач на телекомуникациска опрема и ќе ги решат сите парници меѓу двете компании.

Во мај „Nokia“ склучи договор и со „Samsung“, со кој јужнокорејската компанија се обврзува дека ќе плаќа надоместоци за технологиите поврзани со видео стандардите на финскиот производител.