Познатата холивудска актерка Дајан Китон признала дека постои една работа за која жали во животот. Таа открила дека не постапила добро кога требало да го реши прашањето за мажачката.
„Тоа не е најлошата работа што се случила, но сепак жалам што не пронајдов маж со кој ќе го делам животот. Штета е да не се пронајде човек што би бил добар татко. Животот сигурно би ми бил подобар“, рекла актерката.
Кога се во прашање врските, Дајан тврди дека не била реална.
„ Мислам дека треба секогаш да бидам вљубена. Не бев практична бидејќи на крајот е најважно добро да се разбирате со партнерот“, вели актерката која има две деца, ќерката Декстер и синот Дук.
Нејзиниот колега од филмот „Кум“, Ал Пачио, останал единствена жал во нејзиниот живот. Во врска биле пет години.
„И двајцата бевме нереални. Тој можеби и повеќе од мене. Ми се чинеше дека не беше толку заинтересиран за врзување и дека не би поднел брак“, тврди Дајан и вели дека тој е единствениот со кој би сакала да одржи врска.