Контроверзнот црногорски бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ станува повторно актуелен по пораламетарните избори во Црна Гора на кои победи опозицијата
Аналитичарите од регионот тврдат дека Давидовиќ Дака како екстремен про-руски бизнисмен ги финансирал политичките противници на Мило Ѓукановиќ кои победија на последните избори и кои најверојатно ќе ја формираат следната влада. Здравко Кривокапиќ, најверојатно идниот премиер е формален лидер на широката ултрадесна, некои ја нарекува „Вучиќ“, други, пак, „Амфилохие коалиција“, која на изборите настапи под името „За иднина на Црна Гора“. Вистинскиот шеф на коалицијата е Миодраг Дака Давидовиќ, за кого и самиот Кривокапиќ вели дека е најзаслужен за влез во политиката, пишува Ал Џезира балканс.
Ал Џезира Балканс во својата анализа вели дека рбетот и главата на црквената коалиција е Дака Давидовиќ. Тој е човек кој бил воен министер на Караџиќ во Српската автономна област Херцеговина во време на војната во Босна и Херцеговина и кој со најголемо гадење зборувал за Европската Унија и европската цивилизација, се вели во анализата.
И аналитичарот Шеки Радончиќ тврди дека Русија, Белград и Српската православна црква помогнале да победат великосрпските интереси во Црна Гора.
Главен финансиер, според Радониќ, на оваа коалиција е Дака Давидовиќ, бивш началник на Центарот за безбедност во Никшиќ кој во Македонија е поврзуван со огромна корупција.
Главен финансиер, според Радониќ, на оваа коалиција е Дака Давидовиќ, бивш началник на Центарот за безбедност во Никшиќ кој во Македонија е поврзуван со огромна корупција.
Српскиот портал republika.rs тврди дека западните странски служби овој контроверзен бизнисмен го квалификуваат како соработник на руските служби.
www.youtube.com/watch?v=S_EZSYGZLEs&feature=emb_title