Дакота Џонсон: „50 нијанси сиво“ ми го уништи сексуалниот живот (видео)

Актерката Дакота Џонсон вели дека еротскиот трилер „Педесет нијанси сиво“ можеби и донесе светска слава, но изгледа дека и го уништи сексуалниот живот.

Џонсон, која во филмот го толкуваше главниот лик на Анастасија Стил, сега вели дека мажите ја доживуваат токму како во улогата и не само тоа, туку и стравуваат од неа.

Мажите не ми приоѓаат, иако сум многу пристапна личност и со мене е лесно да се започне разговор. Но, луѓето мислат дека сум личност каква што ме гледаа во „50 нијанси сиво“. Најверојатно не разбираат дека мојата професија е глумата и дека моја работа е да глумам, објасни Дакота.

Уште „помрачното“ продолжение на популарниот филм се очекува на Св. Валентин идната година.