По се изгледа Дакота Џонсон е убедлив победник на Меѓународниот Венециски филмски фестивал, барем кога станува збор за облеката и за црвениот килим. Актерката ја посети Венеција поради самиот фестивал, но и поради премиерата на нејзиниот најнов филм „A Bigger Splash“.
За време на фестивалот камерите го забележаа секој чекор на Дакота, како и секој свечен миг кога таа се појавуваше на промоциите. Долгите вечерни фустани, необичните детали, природната шминка и незадолжителната фризура може одлично да изгледаат на црвениот килим! На тој начин Дакота доминираше и го привлече вниманието врз себе.
За првото појавување на црвениот килим таа се определи за розев свиленкаст фустан на Прада и сите ги воодушеви со едноставноста и елеганцијата.
Држејќи се до истата парола за младешки и разигран изглед, Дакота за свечената промоција на филмот избра Родарте фустан, која е инспирирана од стилот на 70-тите. Високата јака и големите цветни принтови доминираа на овој необичен фустан.
Без разлика дали таа е најдобро облечена жена на фестивалот или не, едно е сигурно Дакота Џонсон докажа дека поседува фантастично чувство за стил и мода. Ако продолжи по тој пат, таа може да им послужи и на останатите актерки како пример за тоа како треба да се појавуваат на црвениот килим.