Далај Лама: Дали светот и натаму ќе постои, ќе се реши наредните децении

Дали светот ќе продолжи и натаму да постои, ќе стане јасно во следните осумдесет години, смета највисокиот будистички авторитет Далај Лама.

„Во денешниот свет постојат проблеми кои се надвор од нашата контрола. На пример, таков сериозен е проблемот со глобалното затоплување. Неодамна се сретнав со научници меѓу кои беше и еден лауреат на Нобеловата награда од областа на хемијата од Тајван. Тој рече дека прашањето за тоа дали нашиот свет ќе продолжи да постои или не, ќе биде решено во следните осумдесет години“, вели Далај Лама во ексклузивното интервју за агенцијата РИА:

Според него, неопходно е „сериозно да посветиме внимание на прашањата поврзани со животната средина“. „Денес, сѐ повеќе и повеќе луѓе размислуваат за зачувувањето на животната средина, и тоа претставува добар знак“, вели натаму Далај Лама.

„Но сепак. Колку луѓе умираат од рацете на други луѓе! Ако од самиот почеток луѓето се убиваа меѓусебно, како што тоа го прават денес, тогаш нема да имаме за што да се грижиме, човештвотодосега ќе исчезнеше од лицето на Земјата“, истанкува будистичкиот лидер повикувајќи на сочувствителност и мир во светот.

Во раговорот Далај Лама истакнува дека, генерално, тој не е разочаран од човештвото, и оти е оптимист во врска со иднината.