Далас на чекор до големото НБА финалето

Кошаркарите на Далас Маверикс ноќта кон понеделникот дојдоа на чекор до финалето на НБА лигата, откако во третиот натпревар од финалната серија во Западната конференција на домашен терен ги совладаа Минесота Тимбервулвс со 116:107 и ја забележаа третата во серијата до четири победи.

Маверикс може да се пласираат во финалето на НБА првпат по освојувањето на титулата во 2011 година, доколку победат на четвртиот натпревар во вторник, повторно во Далас.

Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг со по 33 поени го предводеа Далас до победата. Дончиќ додаде седум скока, пет асистенции и пет украдени топки. Маверикс шутираа 55,9 отсто од поле и 50 отсто (14 од 28) за три поена. Мавс изведоа и 14 слободни фрлања кои ги шутираше со 83,9 отсто резлизација.

Кај Минесота најдобар беше Ентони Едвардс, кој натпреварот го заврши со 26 поени, девет скока и девет асистенции. Тимбервулвс шутираа 50,6 отсто од поле, но погодија само девет од 30 обид за „тројки“.

Откако заостанаа дури 12 поени во првото полувреме, Тимбервулвс израмнија на 77:77 откако Едвардс постигна погодок на нешто помалку од пет минути пред крајот на третата четвртина. Потоа во следните 13 минути екипите наизменично се менуваа во водство.

Сепак, Маверикс направија серија од 12:3 во последните 3,30 минути пред крајот и победија. Најпрво Вашингтон постигна од аголот на иралиштетп „тројка“ за водство на Далас со 107:104. Рид реалиираше едно слободно фрлање, а Минесота намали на 105:107. Во следниот напад Дончиќ зголеми на 109:105, а Ирвинг погоди од влез за шест поени предност. Потоа, на 56,7 секунди до крајот, Гафорд го блокираше обидот за „леј-ап“ на Мајк Конли, а потоа заби на додавањето на Дончиќ и покрај тоа што беше фаулиран. Слободното фрлање на Гафорд ја зголеми предноста на Далас на 114:105 на 34,8 секунди до крајот кои беа недостижни за Тимбервулвс.