Далас подобар од Оклахома, Мајами лесно се справи со Хјустон

Пораз на Оклахома, триумфот на Мајами над Хјустон, рекордот на кариерата на Ентони Дејвис, повредата на Кајри Ирвин и 63 поени на двоецотна Голден Стејт, Кари -Томпсон ја одбележаа ноќта во НБА лига.

На Оклахома не беа доволни ниту 20 поени на Кевин Дурант за да се спаси од поразот од Далас со 109:86. Мајами немаше тешка задача со Хјустон, совладувајќи го со 113:104.

Клеј Томпсон на 12 секунди пред крајот постигна клучни поени за победа на Вориорс, Батум потоа беше само половичен од слободни фрлања, а поофанзивниот скок не успеа да донесе триумф на Портланд кој загуби од Голден стејт со 113-112. Стеф Кари имаше 37 поени, додекаТомпсон запиша 27 поени.

Резултати: Њу Орлеанс – Бостон 121:120 (пр), Минесота-Сакраменто 104:102, Оклахома – Далас 86:109, Сан Антонио -Јута 122:104, Портланд – Голден стејт 112:113, ЛА Клиперс -Кливленд 102:80, Торонто – Феникс 113:121, Милвоки- Шарлот 92:101, Мајами-Хјустон 113:104.