Дали Ахмети ќе зборуваше македонски ако не се здружеше албанската опозиција?

„После вчерашното интервју на Али Ахмети каде се мачеше да покаже дека знае македонски јазик, сакаме да го соопштиме следното:
Mожеби е време за следната теза – ДУИ го пушта СДСМ низ вода и почнува кампања за да им се допадне на Левица и ВМРО-ДПМНЕ“ велат од Здружаната албанска опозиција во која се партиите Алтернатива и Демократско движење, како и Движењето БЕСА.

„Дали заштитата на нелегално стекнатиот имот на првенците на ДУИ им е помил од почетокот на ЕУ преговорите? Што е следно, екипата околу Ахмети да станат комити? Наградното прашање е дали Ахмети ќе зборуваше македонски ако не се здружеше албанската опозиција?“ прашуваат опозиционерите.

Порачуваат „оваа политичка перверзија на ДУИ ќе биде казнета од Албанците. Не одлучува ниту СДСМ ниту ВМРО-ДПМНЕ, туку Албанците одлучуваат кој ќе го претставува нивниот глас после следните избори“.