
Видал во раните утрински часови во петокот беше исфрлен од еден клуб затоа што во алкохолизирана состојба се тепал со обезбедувањето.
Токму поради ова Јувентус го казни Артуро Видал со 100.000 евра, а чилеанскиот фудбалер од средниот ред не беше ниту во стартната постава за дуелот со Рома, како резултат на дисциплинските мерки од страна на торинскиот клуб.
Дали оваа казна е последно предупредување до Видал, кој летово беше поврзуван и со трансфер во Манчестер јунајтед, останува да видиме.
Артуро Видал во 2011 година дојде во Јувентус од Леверкузен и постигна 47 гола на 156 натпревари.